Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид
50 пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена за социјално загрозени семејства од Охрид. Ова е традиционална акција на Локалната самоуправа која ја спроведува во соработка со Црвен крст од Охрид.
Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид. Ова веќе е традиционална активност која се спроведува на 18ти јануари, ден спроти големиот христијански празник Богојавление- Водици. Пакетите содржат прехранбени производи и средства за лична хигиена кои се неопходни во секојдневното живеење.
Со оваа хуманитарна акција ние само за миг им помагаме на граѓаните од ранливите категории. Сакаме и тие барем малку да ја почуствуваат топлината на празниците. Заедно со Црвен крст и понатаму ќе спроведуваме вакви акции во текот на целата година, вели градоначалникот Никола Бакрачески.
Акцијата се споведува во соработка со Црвен крст од Охрид. Оваа организација одредува кои се тие граѓани на кои најмногу им е потребен ваков хуманитарен пакет. Претседателот на ЦК, Сашо Точков изрази благодарност за поддршката која им ја дава Локалната.
Се надевам дека во текот на оваа година ќе имаме што помал број на социјално загрозени семејства и дека нашата помош се помалку ќе е потребна во тој дел. Но сепак е добро да се знае дека кога на некого му е најтешко има кој да му помогне, вели Сашо Точков, претседателот на Црвен крст- Охрид.
Градоначалникот кажа дека општината се повеќе ќе работи на подобрувањето на локалниот економски развој како би се зголемила можноста за отварање на нови работни места, а со тоа да се намали бројот на социјално загрозени семејства во градов.