Skip to main content

Локалната самоуправа и ЈП ќе постапуваат по препораките на Државната комисија за спречување на корупција

Државната комисија за спречување на корупција утврдила судир на интереси  со тендерите кои ги добила фирма  блискa до советникот Нефи Усеини.  Одделението за јавни набавки при Локалната чека мислење од Бирото за јавни набавки за тендерот за  реконструкција на кровната конструкција на 4 општински основни  училишта.  ЈП почнале постапки за раскинување на договорите.

 |  Валентина Неловска  | 


Локалната и ЈП-ја ќе ги следат препораките на Државната комисија за спречување на корупција која утврди судир на интереси во склучени договри или кои се во тек да се склучат со фирма или фирми блиски до советникот Нефи Усеини. Томе Џамтоски, портпарол на ЛС инфромира дека општината годинава нема склучено договор со фирма или фирми блиски со советникот Усеини иако такви фирми се пријавиле на 2 тендерски постапки. Во едната за рушење на дивоградби испаднал од постапката според законската регулатива, додека за другиот тендер за поправка на училишните кровови постапката е во тек, посочува Џамтоски.

Вториот тендер , на кој учествувала фирма блиска до советникот Нефи Усеини е тендер за реконструкција на 4 основни училишта , Христо Узунов , Братство Единство во Лескајца и подрачните основни училишта во Коњско и Елшани. Оваа постапка е во тек. Одделението за јавни набавки побарало мислење од Бирото за јавни набавки согласно препораките на Државната комисија за спречување на корупција. Ова е во тек и не можам да одговорам како ќе заврши постапката“, кажува Џамтоски.

Примерот на локалната ќе го следат и 4 -те ЈП кои почнале постапки за раскинување на договорите по тендерските постапки , а ги склучиле ова година со фирма или фирми блиски до советникот Усеини. Најпогодено ќе биде ЈП Охридски комуналец кое има договор за одведување на сметот на депонијата Буково во вредност од 47.000 евра. Претпријатијата очекуваат мал застој во тековното работење, но ќе се снаоѓаат до изборот на нови понуди од тендерски постапки.

„ Во целата постапка се следат повеќе законски регулативи меѓу кои Законот за судир на интереси , но во постапките на јавни тендери има и други фирми законот дозоволува да бидат избрани и второ рангираните фирми“, напоменува Џамтоски.

 ЈП Нискоградба, Градски пазар и Градски гробишта имаат склучено по еден договор, а 3, ЈП Комуналец. ЈП Градски пазар и Градски гробишта  ги раскинале договорите во вредност од по околу 200.000 денари, а се чека таква одлука да донесе и УО на Нискоградба кое , пак има договор склучен во висина од 950.000 денари. Директорот на ЈП Нискоградба, Бесник Османи напоменува дека пред отварање на тендерската постапка тие побарале мислење од Државната комисија за спречување на корупција, но не добиле одговор.