Skip to main content

Локалната самоуправа ќе го плати догот за струја на ОУ „Григор Прличев“

Локалната самоуправа ќе го плати догот за струја на ОУ „Григор Прличев“.

 |  Валентина Неловска  | 
седница
седница

Со едногласна одлука на охридските советници, општината ќе го плати долгот на ОУ Григор  Прличев кон ЕВН.  Со тоа Локалната самоуправа ја презема обврската на Основното училиште „ Григор Прличев“ за исплаќање на долгот кон ЕВН во висина од 813.000 денари за потрошена електрична енергија.
 Градоначалникот Никола Бакрачески се заблагодари  на советниците за донесената одлука во интерес на 1100 основци да посетуваат настава во нормални услови.

седница„ Јавно им се заблагодарувам на високата општествена свест  и на опозаицијата  и на владеачкото мнозинство за конструктивната  одлука која резултираше за исплата на долгот и од утре ќе има можност за непречено одвивање на наставата. Јас  се надевам дека од утре ќе почне норамално одвивање на наставата“, потенцира градоначалникот Бакрачески. 

 Јован Стојаноски координатор на советничката група на СДСМ кажа дека ќе ја прифатат одлуката, без многу политика,  во интерес на градот и децата.

„ Ќе дозволиме, се работи за ургентен проблем, само  да видиме, да ја допрецизираме одлуката од која програма се повлекуваат средства, ние ќе ја изгласаме“, кажа Стојаноски.

седницаОд стручните служби на општината одговорија дека парите ќе се обезбедат од Програмата за основни училишта од делот за комунални такси.

Советниците упатија и неколку конструктивни предлог  одлуки за да се подобри работата на секторот за образование. Јован Стојаноски од СДСМ и Дејан Блажески од ЛДП побараа да се постави раководител на секорот за образование, Стојаноски  побара да се преиспита висината на наменските дотаци кои не се изменети  од 2010 год. Жаклина Лазареска од СДСМ  предложи да се преиспита дали министерството на училиштата не им има исплатено една блок дотоација и  Владата да ги преземе долговите на училиштата настанати од пред 96 година. Советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски, пак ,предложи да се заземе став ова да не стане пракса општината да ги плаќа долговите  и на останатите училишта.

{loadposition content9}