Локалната самоуправа ќе им обезбеди простoр за тренинзи на пливачките школи оваа сезона
Отворените базени на СРЦ Билјанини Извори заради пандемијата ќе останат под клуч, но затоа ќе се постават пливачки патеки пред малото пристаниште. Со тоа ќe заживее иницијативата за враќање во функција просторот каде што во минатото бројни генерации спортувале на вода.
Младите пливачи сепак летово ќе има каде да тренираат. Локалната самоуправа ќе им излезе во пресрет на пливачките школи ќе се постават пливачки патеки пред малото пристаниште. Заради Ковид 19 под клуч ќе останат отворените базени на СРЦ Билјанини извори. Спортскиот клуб Охридски бранови поднесе барање за спортските активности да се одвиваат на малото пристаниште, информира Јоне Станкоски од одделението за спорт при ЛС. Општина Охрид е во фаза на издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за пливачките патеки за да се одвиваат тренинзите по пливање. Согласноста за заживување на пливачкиот спорт се очекува да биде готова од оваа недела. Охридски бранови наскоро ќе може да поставува урбана опрема, пливачки патеки за обавување на тренинзите на пливачите. Меѓусебно со останатите клубови и школи со кои имаат соработка ќе се договора за користење на патеките.
„Дадено е и позитивно мислење од страна на Капетанија на Пристаништа на РМ дека на посочениот простор има доволно длабочина за непречено изведување на активности на пливачите. Надвор е од пловен пат и нема опасност за безбедноста на пливачите“, вели Станкоски.
Заживување на просторот пред малото пристаниште каде што во минатото бројни генерации спортувале на вода е дамнешна желба на многу охридски спортисти кои се бавеле со водните спортови. Никола Паскали од НЦ Акватек, уште минатата година поднесол иницијатива да заживее повторно овој простор до ЛС. Ние се грижиме за развој на водените спортови на езерото и во градот. Во шеесетите години тука бил центарот на пливачките спортови, на едриличарските клубови и градска плажа, вели Паскали.
„На прв поглед е безбедно, но може да не контактираат за да ја видиме фактичката состојба ако има цврст отпад може да го извадиме. Но, со нуркањата од минатото може да изведеме зкалучок дека е безбеден. Во летниот период овој простор се користи како капалиште и е безбеден. Од моја гледна точка е безбеден, но ако се адаптира треба да не контактираат да го исчистиме за да е максимално сигурен“.
Пред неколку години нуркачите, пак од НЦ Амфора заедно со Министерството за одбрана помогнати од Америчката амбасада, го исчистиле просторот од убојни не експлодирани средства. Биле извадени 8 тони експлозив на потегот околу старото пристаниште.