Skip to main content

Локалната самоуправа со свои против аргументи на обвинувањата од страна на ОО на СДСМ

Локалната самоуправа со свои против аргументи на  обвинувањата  од страна на ОО на СДСМ.

 |  Валентина Неловска  | 
охрид
охрид

ОО на СДСМ на денешната прес конференција изнесе низа произволни обвинувања без да се посочи дали е прекршен законот, статутот или правилникот на јавните претпријатија и установи, регираат со контра прес конференција од општина Охрид. На сите обвинувањата од опозицијата имаат свои против аргументи. За конкурсот во Нискоградба велат дека е во рамките на законските норми. Според Локалната самоуправа не гледаат што е спорно во воведувањето на измени во  работата на детската  градинка и кај таксистите.

охрид
„ Во однос на барањата на посебни лиценци, ЛС ќе стои на ставот сите вработени во ЈП или установи да имаат право и треба да го надградуваат своето знаењепосебно во установата која се грижи за децата. ЛС секогаш ќе ги поддржува законските измени за учење на англики јазик на таксистите со што ќе има подобрувања и  поубава слика на Охрид “.

Во однос на обвинувањата за недобивањето на кредитната линија и второто кратење на буџетот од ЛС укажуваат дека финсиските средства од Светска банка не се класични банкарски средства кои се трансферираат на Ребалансот на буџетот на општина Охрид за 2013 година, во никој случај не претставува намалување на средства во висина од 500 милиони денари, што е апсурдно заради фактот што основниот буџет-изворни приходи на општина Охрид за 2013 година, е во висина од 610 милиони денари. Намалување на приходниот дел на буџетските општинската сметка  туку кредитна линија за финансирање на проекти. Кога новата локална власт дојде на власт немаше нити еден изработен проект, контра обвинување упатуваат од општината.

охрид
„ Намалување на приходниот дел на буџетските средства во висина од приближно 167 милиони денари е во ставката за надомест на уредување на градежно земјиште или комуналии. На остварување на овој приход во најголема мерка влијаеше укинувањето на практикувањето на поравнување, односно законски недозволениот начин на плаќање со цесии, асигнации и компензации. Иако изминатите буџетски години, оваа ставка повеќе или помалку беше реализирана, тоа не значеше дека општината прибрала реални средства по овој основ, затоа што истите не беа уплаќани на буџетската сметка, туку беа затворани должничко-доверителни односи на повеќе правни субјекти преку цесии. Овој начин на практикување на плаќање со цесии, асигнации и компензации за општина со блокирана сметка, како што е Охрид, од страна на Агенцијата за ревизија  е нотиран како незаконска форма на меѓусебни финансиски односи. Останатите реални приходи на општина Охрид за периодот април-октомври 2013 год., споредбено со истиот период 2012 година во најголем дел се повисоки (прибрани средства по основ на данок на имот, данок на доход, такси и надоместоци, комунални такси, закупнина на општински имот и сл.)  или на ниво на планирани во 2013 година, и не јасно зошто се проблематизира работата на општината.“

Истакнуваат дека 33 милиони евра се наследен долг од претходната власт, заедно со долгот на ЈП и блокираните сметки  на установите.
ЛС ќе продолжи со работа по зацртаните програми во реализација на проекти за подигање на животот на граѓаните, потенцираат од општина Охрид.

{loadposition conten9}