Локалната самoуправа бара погодна локација за изградба на марина
Локалната самоуправа бара погодна локација за изградба на марина.
Околу 1200 сопственици на пловни објекти регистрирани во Охридската капетанија чекаат изградба на современа марина. Потребата од изградба на прифатилиште за глисерите и чамците е потребна нагласуваат и од Капетанија. Од Локалната самоуправа бараат погодна локација за изградба на марина, информира портапролот Томе Џамтоски. Постои план за изградба на марина и уредување на крајбрежниот појас во најатрактивното централното градско подрачје и каналот Студенчишта.
„ Реално Локалната самоуправа размислува колку во овој момент според се она што му се случуваше на градот во изминативе 8 години таква работа да никне на тој простор. Дека треба решение и изградба на марина е несомено, но во овој момент реално ја анализира ситуацијата и сите посочени локации од градското пристаниште па се до каналот Студенчишта, и ќе го одбере најдобророт решение.“
Локалната самоуправа прави анализи, а е во контакт со одредени министерства како што се за животна средина и транспсорт и врски. Од Капетанија нагласуваат дека би било пожелно марината да се изгради во градот, но да се запазат сите техничко технолошки стандарди.
Стратегијата на ЛС е да се најде најкомпромисно решение ама при тоа се уште не знаат ни дали ќе градат со јавно приватно партнерство.
„ Не можам да зборувам, но се отворени сите опции. Се прави се опфатна анализа, но не можам да шпекулирам и верувам дека ќе се избре најдоброто решение.“
Од портпаролот на Локaлната самоуправа не дознавме нешто подетално за неодамнешната најава на градоначалникот Бакрачески за опцијата модерната марина да се гради во каналот Студенчишта, кадешто сега се паркираат пловните објекти, а истата би се градела од дрво за да се запази еколошкиот аспект.
{loadposition content9}