Skip to main content

Решавање на комунално сообраќајни проблеми

Локалната власт одржа состанок со СВР Охрид

На состанокот се разговараше и за проблемот со питачите кои најчесто се од други градови во државава, а доаѓаат во Охрид во време на летната туристичка сезона.
 |  инфодеск  | 
Средба инспектори

Со координирани активности на надлежните служби ќе се настојува да се решаваат комунално- сообраќајните проблеми во Охрид летово.

Ова беше заклучено на денешниот работен состанок што Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески го одржа со претставници од Локалниот инспекторат и од СВР – Охрид, непосредно пред официјалниот старт на летната туристичка сезона.

Со цел во Охрид да имаме добра туристичка сезона и задоволни охриѓани и гости, полицијата и локалните инспектори од 1-ви јули заеднички ќе вршат контроли на терен во поглед на утврдување на неправилностите во работењето на угостителските објекти, бучавоста во градот, одржување хигиена на јавни површини како и неправилности во поставувањето на урбаната опрема. На состанокот се разговараше и за проблемот со питачите кои најчесто се од други градови во државава, а доаѓаат во Охрид во време на летната туристичка сезона, информираат од Локалната самоуправа.