Локалните жители ќе се стимулираат за да се вклучат во креирањето на туристичката понуда
Локалните жители ќе се стимулираат за да се вклучат во креирањето на туристичката понуда. Посебен акцент ќе се става на агротуризмот. Секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид одржува активности за практични обуки на оваа тема.
Локалните жители ќе се стимулираат за да се вклучат во креирањето на туристичката понуда. Посебен акцент ќе се става на агротуризмот и стандардите во агротуризмот за што регионов има одлични услови. Во организација на секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид деновиве се одржуваат активности за практични обуки на оваа тема.
Целта на обуката е да влијаеме во Охрид да се продолжи туристичката сезона што е еден од најголемите недостатоци на градов, да се афирмира и да се започнат бизниси надвор од градската средина, во руралните средини каде што преку понудата на агротуризам да се вклучи руралното население, вели Владо Србиновска претседател на Балканика, балканска асоцијација за рурален туризам.
Обуките се дел од годишната Програма за поттикнување на развојот на туризмот за 2020 година и истите се прилагодени за давателите на услуги во алтернативниот туризам, туристичките водичи и туроператори.
Овие обуки ќе придонесат за сите засегнати страни како администрацијата, локални жители, даватели на услуги во туризмот за нивното значење во однос на развојот на ваквите алтернативни форми на туризмот, а посебно нам ни е таргет агротуризмот, вели Горан Мицкоски од Секторот ТЛЕР.
Има големи можности за развој на ваков туризам бидејќи имаме витални рурални заедници, успешни фармери кои ќе можат својата примарна дејност да ја надоврзат со една ваква туристичка понуда, вели Мицкоски. Учесниците во обуките ќе се стекнат со сертификати за едукација во оваа област.