Лошото време ја отежнува санацијата на дефектот на водоводната мрежа во Стар град
Екипа на ЈП Водовод Охрид повеќе од 10 часа работи на санација на дефектот на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф160мм), поради кој од пладне денес без вода се корисниците од горната зона на стариот дел на градот.
„И покрај тешките услови за работа предизвикани од големото невреме проследено со обилни врнежи и грмотевици и самата конфигурација на теренот ( цевката е под самата тврдина), екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид повеќе од 10 часа макотрпно работат на санација на големиот дефект кој попладнево настана под самоиловата тврдина.“ – велат од јавното претпријатие.
Од Јп Водовод иннформираат дека екипите ќе работат и во текот на ноќта, но доколку се влошат условите за работа односно е загрозена безбедноста на работниците, интервенцијата ќе продолжи во раните утрински часови.