Skip to main content

Лугето треба да се информираат од повеќе медиуми

Луѓето треба да се информираат од повеќе канали, од разни медиуми, со цел да стекнат мислење поврзано со одредена тема. Со цел зголемување на свеста за активно граѓанско учество и поттикнување граѓански активизам за решавање на локални предизвици преку медиумско описменување, денес во Охрид се одржа работилница на тема „Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“.

 |  Николоска Биљана  | 

Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост. Овој проект на Здружението за развој на претприемништвото и туризмот, Концепт плус од Скопје, има за цел поттикнување на граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост, вели Синиша Пеќевски. Тој додаде дека целна група се сите граѓани над 18 години кои сакаат да дознаат нешто повеќе за граѓанскиот активизам и за медиумите.

„Овој предизвик кога видовме дека се случува во Македонија и за тоа е изработен овој проект со цел да ги едуцираме луѓето повеќе за медиумите што е тоа вест, како се креира, како да препознаат маркетинг во вест и како да препознаат лажна вест и меѓудругото да креираат граѓанска активност со цел да се реши некаков локалнен предизвик во заедницата“.

Добар дел од луѓето не се доволно медиумски писмени и добар дел во медиумите се провлекуваат информации кои се полувистини или целосно невистинити, пренесува Пеќевски. Тој кажа дека дел од луѓето се информираат од места каде што се продуцираат лажни вести.

„Заради таа причина решивме да направиме проект каде што малце ќе ја подигнеме свесноста дека луѓето треба да се информираат од повеќе канали, од повеќе медиуми со цел да донесат одлука или да стекнат мислење поврзано со одредена тема. И втората работа која јас ја давам како препорака да не прејудицирам нешто, добар дел од луѓето се информираат од социјалните мрежи најмногу од фејсбук каде што одредени лица поставуваат информации кои се со друга цел освен вистината“.

Организаторите информираа дека во рамки на проектот било предвидено да се одржат шест работилници за граѓански активизам и шест работилници за медиуми и медиумска писменост во Струмица, Охрид, Гевгелија, Кочани, Гостивар и Штип, според нивните најави на крај на проектот предвидено било да се одржи конференција на која ќе бидат објавени резултатите, а претставници од медиумите и невладините организации ќе имаат можност да дебатираат на темата за медиумска писменост.