Skip to main content

О.О.СДСM:ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се обидуваат да извршат уште еден грабеж на граѓаните на РМ

Според измените и надоплнувањата на Законот за авторски права и сродни права од  десетти февруари 2016та година, приватните станоиздавачи на Здружението за заштита на авторските музички права,ЗАМП,треба да му исплатат износ од шест илјади денари, реагираат од Општинската организација на СДСМ од Охрид.

 |   | 

Според измените и надоплнувањата на Законот за авторски права и сродни права од десетти февруари 2016та година, приватните станоиздавачи на Здружението за заштита на авторските музички права,ЗАМП,треба да му исплатат износ од шест илјади денари, реагираат од Општинската организација на СДСМ од Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се обидуваат да извршат уште еден грабеж на граѓаните на Република Македонија, кој најмногу ќе го почувствуваат туристичките работници во Охрид, обвинуваат охридските социјал демократи.

„Станоиздавачите веќе уште еднаш ги примија фактурите со што уште еднаш се најдоа на мета на криминалната власт на Никола Груевски. Приватните станоиздавачи во Охрид се револтирани од фактурите што ги добиваат, велат дека таквите давачки веќе ги плаќале преку РДТ и кабелската телевизија, и со право прашуваат каде завршуваат тие пари. Од градоначалникот Бакрачески ни збор. За Бакрачески беше поважно да го одбрани криминалот на Градоначалникот на Битола Владимир Талески. СДСМ најостро реагира на ваквите потези и застанува во одбрана на приватните станоиздавачи во Охрид со цел да се спречи уште еден невиден финансиски грабеж на голем број охриѓани“, вели Александар Кузески, портпарол и секретар на О.О на СДСМ – Охрид.