Компанијата Магна Мирорс како општествено одговорна компанија го препознава значењето на информираноста на глувите и наглуви лица во заедницата и дава поддршка во реализирањето на специјалното издание на вестите за лица со оштетен слух на ТВМ Телевизија.
Регионална ТВМ Телевизија веќе 16 години го подготвува и емитува специјалното дневно издание на вестите за глуви и наглуви лица, за навремено, точно и прилагодено информирање за оваа категорија наши сограѓани, кои истото го доживуваат како “прозорец кон светот.
Прилагодено видео издание на Дневникот на толковен јазик им овозможува на глувите и наглуви лица од регионов навремен пристап до секојдневните информации, важни за нормално функционирање во рамките на локалната и на пошироката заедница.

Компанијата Магна Мирорс со поддршката на Дневникот на ТВМ за лица со оштетен слух покажува дека е една од ретките компании во нашиот регион, која во рамките на своето делување има имплементирано општествено одговорни практики за поддршка на ранливите категории граѓани.
Компанијата „Магна Мирорс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга започна со работа во октомври 2022 година. Магна мирорс, како дел од кандаската Магна интернационал е лидер во производството на внатрешни и надворешни огледала за автомобили, како и напредни видео системи за следење на движењето, модули и компоненти за возила.