Skip to main content

СДСМ и Коалиција за локални избори 2025

Маховска Шикалеска: Имаме реални решенија и визија за современо и инклузивно образование

Советниците од СДСМ ќе се залагаат за афирмација на наставничката професија, за јавно признавање и вреднување на трудот на секој учител и сите вработени во училиштата, порача денеска на прес конференција, кандидатката за советничка од СДСM и Коaлицијата, Ивана Маховска Шикалеска. Потенцира дека СДСМ во програмата има реални решенија и мерки за чисти и безбедни училишни средини и мотивирани наставници.
 |  инфодеск  | 

Ивана Маховска Шикалеска, кандидатка за советничка од СДСМ и Коалицијата, денеска на прес конференција зборуваше за важноста и статусот на просветните работници, нејзини колеги, и за унапредување на образованието во Охрид. На сите наставници, воспитувачи и просветни работници, таа им упати благодарност за нивната посветеност, трпение и љубов кон децата. Луѓето кои секојдневно ја градат иднината на нашето општество треба да добијат соодветна поддршка и признание, потенцира Маховска Шикалеска.

„Како наставничка знам дека учителот е темелот на секој воспитно-образовен процес. Како кандидат за советник убедена сум дека просветните работници во Охрид како резултат на нивната посветеност може и мора да добиваат повеќе тековна соодветна поддршка и признание што би било вистинска мотивација и поттик за нивното работење. Угледот на просветните работници не смее и нема да се врзува со деградација на нивниот личен труд и интегритет.“ – потенцира Маховска Шикалеска.

Токму затоа, рече Маховска Шикалеска, програмата на кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Асен Шајн носи реални решенија и визија за современо и инклузивно образование. Нашата цел е општината да биде вистински партнер на училиштата, потенцира кандидатката за советничка.

„Во првите три месеци од мандатот, со специјално формиран тим ќе се направи детална проценка на состојбата во училиштата, а потоа ќе следуваат конкретни мерки, како на пример: 24-часовно физичко обезбедување во училиштата, бесплатен оброк за учениците од ранливи категории, ваучери за секое ново прваче за купување прибор во охридските книжарници, сензорни соби, рампи и пристапни влезови за учениците со посебни потреби, општински клуб за поддршка на талентирани ученици, мали гимнастички сали, ново осветлување, топлотни пумпи и реновирани фасади.“ наброја Маховска Шикалеска.

Советниците од СДСМ ќе се залагаат за афирмација на наставничката професија, за јавно признавање и вреднување на трудот на секој учител и сите вработени во училиштата, вети Маховска Шикалеска. Порача дека децата заслужуваат чисти и безбедни училишни средини и мотивирани и афимирани наставници.