Skip to main content

Маховска Шикалеска: Ќе го вратиме сјајот на Билјанини Извори

Како идни советници предлагаме да го вратиме ова прекрасно место не само како туристичка атракција, туку како културно и духовно светилиште, рече денеска кандидатката за советничка од СДСМ и Коалицијата, Ивана Маховска Шикалеска.
 |  инфодеск  | 

Проект за враќањето на сјајот на Билјанини Извори, претстави денеска кандидатката за советничка СДСМ и Коалиција Ивана Маховска Шикалеска. Таа посочи дека Билјанини извори како симбол на љубовта, традицијата и историјата не го добиваат вниманието што го заслужуваат.

Како идни советници предлагаме да го вратиме ова прекрасно место не само како туристичка атракција, туку како културно и духовно светилиште, рече Маховска Шикалеска.

Овој проект опфаќа : Техничка реконструкција и обнова местото околу изворите, Уредување на околината со патеки, декоративно зеленило и клупи, Еко паркинг, Информативен центар и средени детски катчиња. На овој простор ќе се организираат културни настани и манифестации. Ќе создадеме пријатен простор за семејства, туристи, уметници и локални занаетчии.“ кажа Маховска Шикалеска.

Посочи дека проектот ќе се реализира во соработка со сите надлежни институции, со поддршка од државата, УНЕСКО, донатори и граѓанскиот сектор.

Целта ни е едноставна, рече Маховска Шикалеска , да создадеме место каде што традицијата и природата се спојуваат, каде што минатото станува инспирација за иднината.