Skip to main content

Македонците одлични на Охридскиот атлетски маратон

Во машка конкуренција прв на целта пристигна унгарецот Тамаш Наѓи, додека кај жените тоа беше охриѓанката Јована Целеска.

 |  Мишел Наумоски  | 
finish atletski maraton
финиш атлетски маратон

Одличен епилог за македонските претставници на Охридскиот атлетски маратон. Триумфално низ целта пред Домот на култура помина охриѓанката Јована Целеска, а после неа пристигна и Ивана Младеновска од Скопје. Иако во женска конкуренција имаше само три натпреварувачки, сепак самото завршување на маратонот претставува голем успех. Во машка конкуренција пак со време од два часа и четириесет секунди, заеднички, целта ја минаа и првите двајца македонци. Кокан Јаневски и Јовица Ристовски завршија официјално на четвртото и петтото место.

Kokan Janevski maratonec„Како се одвиваше трката? Имам искуство, две години сум го трчал, во 2008 и 2010. Тоа многу ми помогна. Тактички бевме заедно со клубскиот колега Јовица Ристовски. Тактички одевме уште од почетокот со одредено темпо, да не се залетуваме како други години што сме правеле, па на финишот да немаме сила. Константно одевме со тоа темпо, некои не поминаа, меѓутоа знаевме дека ако продолжиме со истото темпо, на крајот ќе дојде се како што треба. Така и се случи. Ги поминавме тие што беа пред нас. Континуирано одевме заедно и бидејќи цела трка ја одевме заедно, одлучивме и како супер другари и како клубски колеги заедно да финишираме на целта и пресреќни сме.“-вели Кокан Јаневски од атлетскиот клуб „Работнички“.

Jovica Ristovski maratonecСо искуство на овој маратон може да се пофали и неговиот колега од „Работнички“, Јовица Ристовски. Тој вели дека најтешкиот дел од маратонот се последните 10-5 километри бидејќи тогаш останува многу малку енергија во мускулите. Сепак со вистинската стратегија вели и тоа може да се надмине.

„ Ова ми е веќе трети пат што ја трчам оваа стаза, па е прилично тешка. Има тука угорници, удолници, не е маратонска стаза, класичен маратон од 42 километри, но тежината ја прави со тие угорници и удолници, а и самата должина си ја прави тежината. Ние истрчавме со мојот колега Кокан Јаневски тактички добро, ја распределивме силата спрема стазата и одлично финиширавме со најдобри лични времиња досега, односно ги подобривме оние од минатите години.“-рече Јовица Ристовски.

maratonec MakedonijaЗадоволство и кај првите луѓе на Охридскиот атлетски маратон. И покрај задоцнетото организирање, на маратонот стартуваа 40 натпреварувачи, односно 37 во машка и три во женска конкуренција од кои една натпреварувачка се откажа.

„Јас мислам дека маратонот е добар и квалитетен во машка конкуренција и е успешен со оглед на тоа дека минатата година не успеавме да го организираме. Направивме една година пауза, а оваа година доста доцна се зафативме со организација. Сметам дека е успешен. Инаку прв на целта пристигна Тамаш Наѓи од Унгарија, втор Велимир Боевиќ од Србија и трет Тамаш Олах од Унгарија исто така.“-изјави претседателот на организациониот одбор на маратонот, Милчо Стефаноски.

Инаку победникот во машка конкуренција, унгарецот Тамаш Наѓи првото место го освои со време од 1 час, 44 минути и 30 секунди.

{loadposition content9}