Македонија низ очите, перото и четката на Едвард Лир
Македонија низ очите , перото и четката на Едвард Лир (17-24 септември 1848), е насловена изложбара на репродукции и слики на Едвард Лир, поставена во Куќата на Робевци.
Македонија низ очите , перото и четката на Едвард Лир (17-24 септември 1848), е насловена изложбара на репродукции и слики на Едвард Лир, поставена во Куќата на Робевци.
Изложбата на репродукции на цртежи и слики на Лир од неговото пропатување низ нашата земја и неколкудневниот престој во Битола и Охрид, ќе биде отворена во Куќата на Робевци, во петок, 24 септември во 19:00 часот.
Едвард Лир бил англиски уметник, илустратор и поет, познат по литературниот нон-сенс во поезијата и прозата. Ги поминува годините од младоста како цртач во Зоолошкото Друштво, а потоа како уметник на Британскиот Музеј. Во 1832 е вработен од благородникот Ерл од Дерби, за изработка на цртежи во боја на ретки птици и животни во неговата фарма на Ноусли Хол. Благородникот му овозможива на Едвард Лир да патува. Лир почнува да патува и да објавува патописни книги од своите патувања во Италија (1846), Албанија и Илирија (1851), Калабрија (1852) и Корзика (1870). Ја посетува исто така Светата Земја и Грција. Едвард Лир ја посетува Македонија во есента 1848 г, од 11-ти до 25 септември.