Македонија останува посветена за членство во НАТО – Јолевски
Македонија останува посветена на зачленувањето во НАТО. Оваа порака денес од Охрид ја упати министерот за одбрана Зоран Јолески на форумот за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, што денес се одржува во Охрид.
„Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, е темата на безбедносниот форум кој денес се одржува во Охрид. Форумот го отвори министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој во своето обраќање пред присутните истакна дека нашата земја останува посветена на својата цел да стане што поскоро членка на НАТО. Додаде дека ресорното министерство продолжува со реформите во армијата во одбрамбениот сектор бидејќи тоа е важно не само за граѓаните туку и за државата бидејќи градиме силна мобилна и ефикасна армија.
„Ние започнавме еден процес на модернизација на армијата, процес кој што започна пред две години, сега е во фаза на имплементација, аквизиција на соодветни одбрамбени средства, тие се целосно согласно стандардите на НАТО и им овозможуваат на македонските офицери и војници ефикасно да ја извршуваат својата задача. Важно е дека ние продолжуваме да соработуваме со останатите земји членки на НАТО да одиме на зеднички вежби исто така ќе бидиме и во мисиите на НАТО, ОН и ЕУ бидејќи со учеството на овие вежби нашите војници добиваат огромни вештини и искуство кои што ги прават уште посилни“ – истакна Јолевски.
Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли истакна дека форумот е добра можност, претставниците на институциите од сите држави членки на НАТО да дискутираат за важни прашања кои го засегаат регионот. Бејли нагласи дека НАТО е заедништво на демократските вредности, владеење на правото на законот и демократска слобода, а според него тоа бил клучот на алијансата, но и поентата Македонија да продолжи со реформите.
„Самитот беше одговор на појавите на одредена несигурност околу интегративните процеси во Европа, меѓу другото предизвикани во одредена мера со одлуката на граѓаните на Велика Британија за напуштање на ЕУ. Сметам дека самитот во Варшава беше силен одговор на таквите двојби . Алијансата останува силна и посветена во заложбите за привлекување на државбите, аспиранти како што е Македонија, така и во соработка со партнерите во Европа и Медитеранот во справување со предизвиците исправени пред колективната безбедност.“ – нагласи Бејли.
Претседателот на Маршал Центарот на РМ Стојан Славески смета дека добро е што на самитот во Варшава, Алијансата ја повторила поканата за членсто на РМ во НАТО, но според него негативно е тоа што имало поставување на дополнителен услов, односно разрешување на политичката криза во земјава.
„Оттука треба да се посвети внимание на престојните парламентарни избори, на слободата на медиумите, независноста на инстируциите и тие се дополнителни работи кои што ја оптеретуваат нашата покана за членство во НАТО“ .
Форумот за безбедност ќе трае до 30 август. Тој се организира четврта година по ред, од страна на Маршал Центарот на РМ. На него учествуваат истакнати професори, аналитичари, експерти од регионот и поранешни европарламентарци.