„Македонија без отпад 2013“
Преку акција, едукација и промоција денес во Охрид се реализира глобалната акција „Македонија без отпад 2013“. Се чистеше отпад на излетничките места Корита и Јадера на НП Галичица. Акцијата ја поддржаа претставниците на МЖСПП, невладините организации кои делуваат на територија на општина Охрид, извидници, претставници од граѓанските асоцијации.
Македонија дел од глобалната акција „Ден без отпад“. Со кампањата „Македонија без отпад 2013“ нашата земја им се приклучува на 100 те земји ширум светот кои ја поддржуваат оваа акција. Еден ден доброволци претставници на граѓанските асоцијации го посветуваат на чистење на државата, односно Националните паркови, улиците и.т.н. Како што изјави раководителот на Секторот за управување со отпад при МЖСПП Ана Каранфиловска Мазневска акцијата денес истовремено се спорведува на трите НП. Галичица, Пелистер и Маврово.
„Денес во Охрид ќе ги чистиме Корите и Јадера како и целиот пат кој води од Охрид до Св Наум. Улогата на НП Галичица е во организацијата, логистиката тие не организираа не собраа овдека го организираа настанот, водечка улога има НП
Антонио Јовановски, претседател на граѓанската асоцијација „Ајде Македонија“, истакна дека посебен акцент ќе биде ставен на собирањето отпад, при што, според него, целта е во наредните години во земјава да се создава помалку отпад.
„Целта е да во еден ден да се исчисти што повеќе отпад кој што се наоѓа на дивите локации но и да се развие свеста кај граѓаните околу правилното уравување со самиот отпад. Затоа клучна активност во тој проект е вклучување на младите луѓе“.
Денешната акција претставува голем придонес кон подигнувањето на јавната свест на населението, посетителите на паркот и воопшто на сите гости, истакна Огнен Достиноски од НП Галичица.
„НП Галичица води константна грижа за чистототата на паркот, значи ние секогаш гледаме паркот да е во секое време чист и за самиот парк и за посетителите да уживаат во него и ги покажуваме сите да се вклучат во оваа акција“.
Кампањата „Македонија без отпад 2013“, поддржан е од МЖСПП а се одржува под иницијатива на здружението на граѓани Ајде Македонија!“. Националната акција кога ќе се вклучат сите општини од земјава е на 5 ти Октомври.
{loadposition content9}