Skip to main content

Македонија, Србија, Австрија и Унгарија со заеднички мерки против мигрантите

Македонија, Србија, Австрија и Унгарија со заеднички мерки против мигрантите. Денес во Охрид беше потпишан Меморандум за разбирање и за спроведување на потребните мерки за справување со огромниот прилив на бегалци. За овој глобален проблем потребно е Европско решение, и делување што поскоро, беше генералниот заклучок на министрите за внатрешни работи од Мкаеонија, Србија и Австрија како и унгарскиот заменик државен секретар.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес во Охрид министрите за внатрешни работи на Македонија, Србија, Австрија и Унгарија потпишаа меморандум за справување со бегалската криза. Проблемот со напливот на бегалци од воените зони на Блискиот Исток во Македонија, Србија, Унгарија и Австрија е проблем на Европа, а не само на државите низ кои мигрантите транзитираат на нивниот пат кон Западна Европа. Ова беше генералниот заклучок кој што произлезе од денешната средба на министрите за внатрешни работи. Како што истакна министерот на за внатрешни работи на Р. Македонија, Митко Чавков, решението на проблемот лежи во реагирањето, односно делувањето од блиску до местата каде што се генерираат проблемите.

„Ние како Р. Македонија сигурно ќе најдеме начин да се справиме со оваа последна ескалација на трендовите, но очекуваме со една конзистентна европска рамка која ќе се постави на следниот министерски состанок на 14 септември ќе се изнајде поконзистентнорешение кое ќе биде базирано на координација помеѓу сите држави кои се засегнати од транзит до дестинација“ – потенцираше Чавков.

Министерката за внатрешни работи на Р. Австрија, Јохана Микл-Лаитнер смета дека од исклучителната важност е, решението за проблемот со мигрантите да се бара час поскоро, онака како што Европа реагираше за надминувањето на финансиската криза во Грција.


„Тоа не значи решавање на проблемот веднаш, но бара вклучување на сите структури во неговото решавање, се разбира и обезбедување финансиска поддршка за негово надминување. Неопходен е интензивен заеднички пристап во справувањето со предизвикот со бегалците, особено појавите на организиран криминал што произлегуваат од обидите за нелегална трговија со луѓе. Таквите појави само го зголемуваат проблемот, така што дефинираме програми и мерки за заедничко справување со проблемот, особено со илегалната трговија со луѓе. Исправени сме пред голем предизвик, што не ги засега само партнерите од Западен Балкан, туку сите држави-членки на ЕУ“– нагласи Микл Лаитнер.

Министерот за внатрешни работи на Србија Стефановиќ рече дека не може да се очекува само Србија и Македонија, ниту Грција и Унгарија да го решат проблемот, туку е потребно сеофатно европско решение независно што токму овие држави се најзасегнати.

„Европа треба да покаже кои се европските вредности и кој е европскиот пат и тоа не смее да се заборави при носењето какви било мерки. Секако Србија како одговорна земја која сака да постане членка на ЕЗ подготвена да да го преземе својот дел од товарот, тоа премиерот Вучиќ, многу јасно го кажа во повеќе наврати и подготвени сме да преземеме еден дел од мигрантите кои би дошле во нашита земја, да бидеме добар домаќин за бегалците и активно да придонесе за решавање на проблемот, но очекуваме и останатите да преземат дел од товарот“ – изјави Стефановиќ.

Меморандумот е мал, но јасен чекор на патот кон изнаоѓање решение за проблемот, во насока на што побрзо преземање конкретни активности, истакна Стефановиќ. Додаде дека немаме многу време, итно  е потребно решение и тоа прашање бара од Европа што поскоро да се произнесе. Државниот секретар за внатрешни работи на Унгарија Кристина Берта, истакна дека бегалската криза е сеевропски проблем што бара Европски одговор, притоа укажувајќи на потребата од измена на европските регулативи за забрзување на процедурите за издавање дозволи за азил и системот за казнување на трговците со луѓе.

„Секоја држава членка на ЕУ и на Шенген, зоната е обврзана да реагира според соодветната регулатива. Иако не можеме да изнајдеме решение, сепак, правиме се што можеме за да ја заштитиме границата, а истовремено да им помогнеме на бегалците во рамки на меѓународните конвенции“ –  вели Берта.

На министерскиот состанок беше кажано дека  Европската Унија треба да најде одговор на можеби најважното прашање, а тоа е фактот што ниту Србија ниту Македонија не се членки на ЕУ, а низ нивна територија минуваат лица кои доаѓаат од држава во Шенген-зоната и заминуваат во таква држава. На состанокот во Охрид беа разгледани и мерки за заедничка борба против трговијата со луѓе.

{loadposition content9}