Македонските јадења се позначајни во развојот на руралниот туризам
Понудата во рестораните во последно време се повеќе се збогатува со специјалитети од националната кујна. Качамак, комат, питулици, домашни манџи, секаков вид на месо печено под сач, се само дел од јадењата од менито на Етно ресторанот Св Петка. Далеку од градската врева на влезот во село Велгошти едно старински уредено катче со етно мотиви ги мами странските гости да ја вкусат традиционалната македонска кујна.
Традиционалните македонски јадења на менијата во рестораните се позначајни во развојот на туризмот посебно на руралниот. Едноличната понуда на пици, скара и шопска кои претежно се нудат низ угостителските објекти во охридско-струшкиот регион ги мотивира одредени угостители да се навратат кон корените односно старите рецепти. Таков е примерот со семејството Ѓоршески кое во етно ресторанот Св Петка во Велгошти нуди богата трпеза со специјалитети подготвени исклучиво на дрва, под сач, по рецептите на нашите баби . Главен „виновник“ за тоа е Елизабета Ѓоршеска, која досега била невработен дипломиран цариник, а од пред неколку месеци својата егзистенциија таа ја побарала во отварањето на етно ресторан. Со подготовка на квалитетна храна, домашно јагнешко, јарешко, ребра, комати, качамак, питулици, тави, покрај за домашните, посебно сме интересни и привлечни за странските гости кои сакаат да вкусат традиционална храна од земјата која ја посетуваат и тоа во еден старински автентичен амбиент, велат вработените во овој ресторан.
„Се приготвува под сач секојдневно ги правиме питулиците, гомлезето, по порачка исто така работиме, нема збор слободно секој може да дојде да го вкуси и проба тоа. Имаме посебно гомлезара посебно на дрва се е тоа чисто“ – вели Стефаноски.
Стефаноски нагласува дека иако станува збор за нов ресторан, во него се негува традицијата, односно подготовка на храна по стари рецепти, која ја има пробано дури претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов. Додава дека за кратко време гости од разни краеви на земјата и надвор од неа веќе ги споделуваат добрите впечатоци од ресторанот.
„Работиме со гости од Битола, Скопје, Австралија, Италија Холандија, Охрид. Све е прифатено добри гости имаме. Не работиме со мени работиме исклучиво што ќе посака гостинот по желба“ – додава Стефаноски.
Фамилијарниот бизнис на Ѓоршеви е голема инвестиција некаде околу 90 илјади евра. Не жалат што инвестирале на неколку километри од градот, бидејќи сметаат дека вложиле на вистинско место, кое понатака ќе го остават во наследство на нивните поколенија.
{loadposition content9}