Skip to main content

Културно наследство

Македонскиот мозаик, чувар на времето

Потребни се кадровски и материјални вложувања, ако сакаме да ги зачуваме македонските мозаици. потребна е и соодветна презентација.
 |  Голабовски Крсте  | 
Никола Упевче

Алармантна е состојбата во која се наоѓа движното културно наследство, мозаикот кај нас. Македонија како една од земјите од каде што потекнува мозаикот како сликарска техника, располага со голем број мозаици. Нив им е потребна соодветна заштита, конзервација, но и соодветна презентација пред светот. За нашите капацитети за зачувување и презентација на овој вид културно наследство, охридскиот мозаичар, конзерватор и реставратор Никола Упевче ќе рече:

Мозаик

„Има конзерватори, има и амбициозни луѓе, само сите тие треба да се соберат. Да се ангажираат. Во нив да се инвестира за да може да ги превземат сите тие обврски кои значат научен пристап и анализа на резултатите од сите тие истражувања. Потоа да се публикуваат резултатите од спроведените истражувања. После тоа може да кажеме дека сме стигнале донекаде со конзервацијата и реставрацијата на ова културно наследство“ посочи Никола Упевче -сликар, конзерватор, реставратор.

„Стремежот на новото време е да се зачува културното наследство онака изворно како што е. Не дозволува никави вадења на мозаици. Се гледа да се има што е можно помалку такви интервенции, кои ќе го нарушат интегритетот на целиот систем. Затоа што мозаикот не е само површината, тесалатумот кој е видлив, туку и разните слоеви кои го носат. Значи се тоа како богатство, како една традиција, технологија која останала од минатото до денес, треба да го зачуваме и изворно да го претставиме“. ” вели Упевче.

Мозаикот претставува редење природен камен или мали, префабрикувани коцки од различен материјал, пример стакло, керамика, во разни орнаменти или слики. Овие коцкички, во склад со претходно изработен нацрт, се втиснуваат во сѐ уште свеж малтер, а потоа површината се полира заради израмнување. Тој не само што е специфична сликарска техника, туку е и совршен чувар на времето. Фреските се уништувале низ вековите, но од само еден мал фрагмент од останатиот мозаик, може да се создаде нова целосна композиција. Затоа потребна е и негова соодветна презентација, вели Никола Упевче -сликар, конзерватор, реставратор.

„Посотојат и многу мозаизци, кои се извадени од контекстот. Тие треба да се вратат на изворната локација, да се најде финансиска моќ и секаква друга и да се интеревенира за тие да се зачуваат и претстават пред јавноста. Јас работев на еден мозаик, кој стоеше 84 години во објектот на Куршумли Ан.Сега е презентиран во Археолошкиот Музеј на Македонија.После 84 години кога стоел во депо.„Кога ќе се заврши едно дело, тоа не е крајот туку е почетокот кога започнуваме да се грижиме и да го одржуваме за следните генерации да остане во изворна форма. Тоа е исто така многу важно“ – објаснува Никола Упевче -сликар, конзерватор, реставратор.

Македонскиот мозаик е специфичен поради тоа што е првиот мозаик кој се составува од необработен камен, со кружна форма и одредени нијанси на белата, црната, сивата боја, како и окерот и се разликува во материјалот кој се користи за негова изработка. Ако сакаме да го зачуваме овој вид на движно културно наследство и истиот соодветно да му го покажеме на светот , час поскоро треба, државата час поскоро треба да интервенира како кадровски така и материјално.