Skip to main content

Македонските аеродроми се максимално безбедни

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле изведена симулирана акција за решавање на заложничка криза.

 |  Валентина Неловска  | 
akcija
akcija

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле изведена симулирана акција за решавање на заложничка криза. Како на филм  патник под закана со оружје зема заложници. По ова следуваат преговори со МВР. Терористите бараат милионски суми и авион за да ја напуштат земјата. На местото на инцидентот пристигнуваат и медиумите. Ова е дел од сценариото по кое се одвива  оперативно тактичката вежба на МВР „Бран 2012“.Специјалните единици на МВР  заедно со управата и менаџментот на ТАВ ја спроведоа оваа вежба со која се потврди дека покрај скопскиот и охридскиот аеродом е максимално безбеден, рече Тони Јакимоски командант  кој раководеше  со денешната акција.
akcija
„Целта на вежбата беше да се покаже спремноста и да ги видиме сите аномалии при извршување на терористички акт поврзан со грабнување во просториите на аеродромот. Во двата дена успеваме да ја завршиме вежбата со успешен резултат. Видовме многу активности на специјалните и хеликоптерските единици, ја проверивме способноста  на СВР Охрид и пограничната полиција како  реагираат во вакви ситуации. Мора да искажеме и задоволство  од вработените на ТАВ и аеродромското обезбедување“, додаде Јакимоски.
 
Оваа акција покажа дека МВР е подготвено да се соочи со секаков вид на терористички закани против аеродромите во Р. Македонија, кажа Јакимоски. Единицата  за специјални  задачи е на нивото на очекувањата заедно со останатите единици на министерството и хеликоптерските единици, потенцираше Јакимоски.

akcija„Македонија може да биде таргет на вакви терористи  и она што се случува во соседството укажува дека мора да сме спремни. Управата за безбедност и контраразузнавање од Министерството ги врши сите подготовки за да не се случи тоа, а оваа вежба ни укажува дека доколку се случи, подготвени сме успешно  да дејствуваме“, нагласи командантот на акцијата.

Според меѓународниет правила во воздухопловството задолжителни и неопходни се вакви акции , истакна Јакимоски. Овие акции  се практикуваат еднаш во текот на годината. Во месец мај слична акција беше изведена и на скопскиот аеродром Александар Велики. Двете акции покажаа дека сме подготвени за справување во вакви ситуации, но се надеваме дека до тоа нема да дојде , рече Јакимоски.

{loadposition content9}