Македонско -словенечки специјалитети се крчкаа во охридското угостителско училиште
Македонско -словенечки специјалитети се крчкаа во охридското угостителско училиште.
Охридски и словенечки ученици по готварство подготвија заеднички ручек. Во кујната на средното угостителско училиште Ванчо Питошески вредните ученици работеа заедно на подготовка на традиционални рецепти, се дружеа и запознаваа. Учениците од словенечкото Ново Место беа во двонеделна работна посета на сродното охридско училиште. Од оваа соработка се задоволни и словенечките и охридските ученици.
„Пробавме македонско тавче гравче , македонска риба, вкусна храна поинаква од онаа што ја имаме дома. Прекрасно е да се вкусат други јадења“, кажува Патришиа Лекша.
„Искуствата се многу добри. Професорите и менторите доста ни покажуваат даваат знаења кој ги бараме“, вели Исток Пуше.
„ Во сеќавање ќе миостане прекрсните луѓе, различната вкусна храна, луѓето се пријатни и весели, вредни , на кратко се беше прекрасно“, ги наведува своите впечатоци и ученичката Пија Стрмоле.
Даниел Здравески, ученик по готварство, како и неговите врсници од Словенија е задоволен од меѓусебното дружење.
„Преубаво си поминавме со пријателите од Словенија. Се дружевме си разменувавме искуства ние нешто научивме од нив и тие од нас“, кажува Здравески.
Вредните ученици заедно под менторство на професорите Славица Штерк и Блаже Јорданоски ја сервираа салата за ручање и подготвуваа листа на јадења. За денешното мени готвеа македонски и словенечки специјалитети, словенечка погача и охридски комад, исто така се правеа салати со печено биено сирење, селско месо, тавче- гравче, динстан ориз, а за десерт баклава.
„ За овие две недели искуствата се неповторливи. Тие се ученици, а и ние професорите се што е позитивно ќе го приемениме. Тие учествува во часовите на готварство и послужување. Пракса имаа во хотелто Милениум каде што подготвуваа коктел парти , а еден ден подготвуваа и пансионски ручек“, напоменува професорот Јорданоски.
Неговата колешка, Славица Штерк професорка по стручни предмети од средното угостиелско училиште од Ново Место, е задоволна од соработката како и нејзините ученици кои се запознале со нова средина и култура.
„ Тоа е нешто што може е најголемата вредност. Се запознаа со ученици и професори како и со и нивниот начин на работа и се одушевени. Тие стравуваа како ќе се вклопат во друга култура и друг народ, но видоа дека сите деца се исти и имаат големо срце. Одушевени се со се“, вели професорката Штерк.
Професорката и учениците од словенечкото угостилско училиште се во посета на Охрид во рамките на програмата Ерасмус. Гостите од Словенија ги посетија и Струга, Вевчани, Крушево и Македонски Брод. Во рамките на програмата Гатус на готвачки натпревар во Ново Место ги очекуваат пријателите од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“.
{loadposition content9}