Skip to main content

Орално здравје

Maл број деца без кариес

Опаѓа кеп индексот во урбаните средини.. Се намалува и искривувањето на забите кај децата , информираат стоматолозите од примарното здравство.
 |  Валентина Неловска  | 

Оралното здравје кај охриѓанчињата се подобрува. Кај школските деца опаѓа КЕП индексот што значи просек на кариес, екстракција и пломби на забите кај децата. Пред 10 тина години тој просек беше преку 7 , а денес е под 3. Тоа се должи на превентивната програма за која има голем одзив. Во оваа програма е вклучено залевање на здравите запчиња. Програмата имаше застој за врема на пандемијата, кога ние бевме вклучени во итната стоматолошка служба, а сега е вратена во нормална функција, информира д-р Александар Филдишески, началник на стоматолшката служба при Здравствен дом Охрид. Просекот на кеп индекс кај децата е драстично намален во нашата околина, но кариесот е сеуште присутен.

„Постојат дечиња со запчиња каде што нема ниеден кариес. Правиме анализи кај децата до 14 годишна возраст на оралното здравје каде што се забележува беспрекорно забало. Но, тоа се многу поретки случаи“, вели д-р Филдишески.

Со Националната програма се опфаќаат основците од 1 до 7 одделение каде што се врши залевање на секој траен заб. Забите се залеваат еднаш годишно и оваа заштита дава голем ефект во подобрување на оралното здравје , но секако резултати даваат и другите препораки на стоматолозите. Филдишески, ги наведува покрај наследниот фактор врз кој не може да се влијае и остантите два кои имаат најголем ефект врз здравејто на забите и којшто треба да се менуваат.

„На прво место е лошата хигиена на забите. Во многу зависи од социо-екомонмските услови на семејството. Застапеноста на кариесот и Кеп индексот се повисоки во руралните средини во регионот. На второ место е лошата исхрана која вклучува преголем внес на јагленохидрати. Наследниот фактор е најмалку битен“, вели Филдишески.

При систематските прегледи се забалежува и појавата искривување на забите , информираат стоматолозите од примарното здравство. Од картотеката која ја водат се гледа дека има подобрување во исправување на кривите заби кај децата. Резултати има бидејќи навремено се прифаќаат препораките за носење на мобилни апаратчиња кои се на товар на фондот, а даваат добри резултати, напоменува д-р Александар Филдишески.