Skip to main content

Мал дефект на „Tуристичка“, отвори голема работа за МЈП „Проаква“

Поради дефект на водоводно канализационата мрежа асфалтот кај кружниот тек за Билјанини извори на неколку места раскопан. Од МЈП „Проаква“ смируваат, велат дека станува збор за мал дефект, кој во текот на денот ќе биде саниран.

 |  Николоска Биљана  | 
defekt
дефект

Поради дефект на водоводно канализационата мрежа асфалтот кај кружниот тек за Билјанини извори на неколку места раскопан. Од МЈП „Проаква“ смируваат, велат дека станува збор за мал дефект, кој во текот на денот ќе биде саниран.

defektПрвиот човек на претпријатието Томе Паскалиев од лице место на настанот рече дека на тој потег недопусливо било шахтите да се постават под асфалтот, тоа само дополнително ја отежнало работата на екипите на ЈП.

„Дефектот се појави пред празникот, ние почнавме со детекција на проблемот не беше на ќошот од раскрсницата и го оставивме за после празникот од причина што имавме гости во Охрид и беше патрон на градот. Еве денес констатиравме кај е проблемот и денеска ќе го санираме не е голем дефектот, под  водоводна линија на 250 метри е, и проблем беа сите шахти, ланска година кога се асфалтираше улицава сите шахти се асфалтирани и покриени така да пристапот, затворањето на водата и санација на дефектот ни беше отежнато денеска ќе го завршиме“, објаснува Паскалиев.

defektСто километарската водоводно канализациона мрежа на места попушта и секојдневно прави проблеми во градов категоричен е Паскалиев. Додава дека најчеста причина за тоа е
старата и дотреана водоводно канализациона мрежа, но тоа не е случај и за дефектот на кружниот тек за Билјанини извори.

„Нормална појава е да има дефекти, но на вакви видливи места, раскрсници каде што сообраќајот е погуст се проблематични за нас од причина што треба да има застој на сообраќајот и треба да обезбедиме посебни дозволи односно согласност од СВР за санација на дефектот“ 01:56 истиот+02:21„Нова инсталациона мрежа овде не треба бидејќи се работи за приклучоци. Овде врват цевки кои имаат 100 години гаранција“, вели Паскалиев.

Зачестените дефекти поради старата и дотраена инсталациона мрежа не е единствена причина поради која попуштаат и пукаат цевките. Паскалиев појаснува дека и временските усови, посебно при поместување на земјиштето допринесуват да дојде до денивелација на цевоводот, како што неодамна бил случајот кај охридатите кога изби вода и дел од објектите се поплавија.

{loadposition content9}