Skip to main content

Мал интерес за субвенционирање на туристичката такса

Мал интерес за субвенционирање на туристичката такса.

 |  Валентина Неловска  | 
соби
соби

Мал број на приватни станоиздавачи од мал обем поднеле барaње за субвеционирање на туристичката такса, информираат од ТЛЕР.  Во месец јули кога бил првиот рок за пријавување на субвенциите од уплатената туристичка такса за првите шест месеци од 2014 година до Комисијата  пристигнале  20 -тина барања,  напоменува Ѓоко Апостолов од овој сектор.
Охрид
„ Со оглед дека е нова мерката, очигледно е луѓето не се добро информирани. И покрај тоа што во медиумите ги информиравме и потестивме дека тече  рокот за пријавување на субвенциите,  сметам дека бројот на пријавените е мал. Но, станоиздавачите  доаѓаат се интересираат, од крајот на јули па се до сега доаѓаат и  се интерсираат  иако рокот  е пробиен. Сигурен сум дека интересот во јануари ќе е многу поголем“, кажува  Апостолов.


Апостолов апелира  станоиздавачите кои ќе аплицираат за оваа мерка добро да се информираат за постапката.  Напоменува дека  пријави за субвенции ќе се поднесуваат два  пати, во јули за првите шест месеци од годината, а за останатото второ полугодие за платена туристичка такса  барања ќе се поднесуваат во месец  јануари 2015 година.

Охрид
„ По завршувањето на 6 месеци од тековната година, нредниот месец јули  или  јануари е период во кој ќе се доставува документите. Станоиздавачите треба да достават уплатница колку средства уплатиле по основ на туристичката  такса за привремен престој  и на увид да ги донесе книгите за домашни и странски гости. Комисија формирана од градоначaлникот врши увид во книгите износот по бројот на ноќевања регистрирани во книгите да се совпаѓа со уплатената сума и затоа бараме и уплатница.“   

Оваа мерка од локалната самоуправа беше промовирана во месец април  како стимулација на приватните станоиздавачи за оние кои  уредно плаќаат туристичка такса. Сите легално категоризирани станоиздавачи ќе може да аплицираат за субвеции од 50 проценти од уплатениот износ од туристичка такса. Оваа мерка е донесена  во насока да се избегне  прикривањето  на остварените  ноќевања во приватниот сектор и да се зголеми наплатата на туристичката такса.

Во моменов  во  Охрид се регистрирани 2200 приватни станоиздавачи од мал обем.

{loadposition content9}