Skip to main content

Малите претпријатија од Охрид незаинтересирани за владините кредити

А што се однесува на Владината мерка за намалување на невработеноста преку проекти за самовработување, како најуспешни се покажале лицата кои отвориле козметички студија.

 |  Мишел Наумоски  | 
agencija za vrabotuvanje
агенција за вработување

Мал е интересот кај охридските мали претпријатија за   владините мерки  за намалување на невработеноста преку поволни кредитирања. Првиот оглас за кредитирање микро и мали претпријатија  кои ќе вработат лица регистрирани во агенцијата за вработување заврши во август. Иако на него се пријавиле само 4 претпријатија, од Агенцијата велат дека се задоволни од одзивот. Од таму се надеваат на поголем интерес за вториот оглас кој започна на 15 септември.

Peco Pavlovski„Овој проект е за прв пат оваа година промовиран, така да ова веќе е втор оглас оваа година. Првиот ми се чини како пилот проект успешно го привршуваме при крај. Имаше одреден интерес, се надеваме дека во овој втор оглас, за ова кредитирање на правни субјекти ќе имаме поголем интерес затоа што е нов. Се однесува на фирмите значи кои можат да вработат најмногу три лица и да земат 9000 евра со рок на враќање од две години, грејс период од една година и каматна стапка од еден процент годишно.“-вели меѓуопштинскиот советник за истражување и анализа на пазарот на трудот при Агенцијата за вработување од Охрид.

Фирмите кои досега аплицирале за овој начин на кредитирање на својот бизнис, доколку добијат одобрени ќе вработат седум лица моментално регистрирани како невработени. Релативен успех има и проектот за намалување на невработеноста преку самовработување кој Агенцијата го спроведува почнувајќи од 2008 година па до денес.

Centar za vrabotuvanjeТие не само што го спроведуваат овој проект туку и се грижат за тоа како напредува реализацијата на проектот односно бизнисот на лицата кои добиле кредит за самовработување.

„Секако откако ќе ги земат овие лица, овие средства, ние вршиме мониторинг. Еве да речеме за утре е најавена ревизија, мониторинг, доаѓаат од централната служба на Република Македонија и вршиме на лице место кај самите кредитокорисници посети и констатираме одредени состојби. Дали работи фирмата, дали навремено го сервисира враќањето на средствата.“-рече Павловски.

Инаку од овој проект за самовработување преку кредитирање, Павловски вели дека во Охрид најчесто се аплицира за занаетчиските дејности како браварски и молерски дејности како и козметички студија кои досега се покажале и како најуспешни.

{loadposition content9}