Skip to main content

Малите и средни претпријатија поимуни на економската криза

И домашната теорија и германската пракса велат дека помалите претпријатија се поимуни на негативните последици на кризата.

 |  Мишел Наумоски  | 
mali firmi
мали фирми

Малите и средни претпријатија поимуни на ударите на светската економска криза. Вака говори германската пракса. Занаетчиството во Германија, воглавно предводено токму од мали и средни претпријатија, според економските експерти е многу малку погодено од негативните влијанија на светската економска криза. Еве и зошто.

biseri„Посебно погодени области всушност беа експортно ориентираните претпријатија. Наспроти тоа, занаетчиството кое што е повеќе ориентирано кон економијата во самата земја, се покажа како мошне резистентно. Токму од таа причина, Германската економија всушност повторно се фокусираше на малите и средни претпријатија бидејќи тие не се толку глобално врзани.“-вели Петар Рехман, соработник на Германската занаетчиска комора на Кобленц.

Нашите занаетчии пак, со сосема различни искуства. Од регионалната занаетчиска комора од Охрид велат дека кризата е само дополнителен удар за кревкото македонско занаетчиство.

zanaetcistvo„Не се имуни на кризата. Кризата како и во сите професии, така и во занаетчиството се чувствува. За жал, голем дел од занаетчиите, постојано повторувам, се на работ на егзистенција или на работ на опстојување, кризата не зафати сите. Од друга страна занаетчиството се справува, дише и во оваа економска криза.“-рече претседателот на регионалната занаетчиска комора од Охрид, Сашо Богоески.

Професор д-р Томе Неновски вели дека генерално се точни тврдењата дека Македонија излегува релативно неповредена од светската економска криза, но смета дека оваа криза е одраз на слабостите на економијата кои треба да бидат отстранети.

predavanje germanski ekonomisti„Во овој случај мислам дека треба слабостите кои што ги констатиравме во поглед на структурата на економијата на Република Македонија, треба одредено моделирање на економијата да направиме, со посебен осврт на малите и средни претпријатија како носители на идниот економски развој и во тој склоп би рекол дека треба да го реафирмираме она што на некој начин за жал сеуште е подзаборавено, а тоа е занаетчиството, тема за која денес се говори овде, занаетчиството кое што може да биде една од лостовите кои што економијата ќе ја водат кон нејзината просперитетна патека на развојот во престојниот период.“-изјави професор д-р Томе Неновски од Универзитетот „American College“-Скопје.

Инаку, германските економски експерти, Петар Рехман и Ролф Вајдман, и професор д-р Томе Неновски денес во рамките на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, одржаа предавања на тема „Светската економска криза“. Организатор на предавањата беше Балканската канцеларија за малостопанство и занаетчиство, а домаќин беше регионалната занаетчиска комора од Охрид.

{loadposition content9}