Зелено светло за паралелките со помал број ученици
Во очи на новата школска година советниците продискутираа за проблемите кои ги мачат училиштата години наназад. Рак рана преставува се помалиот број првачиња, но и намалениот број на ученици кои се запишуваат во средните училишта во градов. Денес се бараше согласност од советниците во некои училишта да се формираат паралелки и со помалку од 25 ученици.
Образованието, тема на десетата седница на Советот на Општина Охрид. Во очи на новаста школска година советниците продискутираа за проблемите кои ги мачат училиштата години наназад. Рак рана преставува се помалиот број првачиња, но и намалениот број на ученици кои се запишуваат во средните училишта во градов. Најалармантна е состојбата во ЕМУЦ Св. Наум Охридски и Угостителското училиште Ванчо Питошевски. Денес се бараше согласност од советниците во овие училишта да се формираат паралелки и со помалку од 25 ученици.
Според моите пресметки во оваа учебна година ќе се запишат дури 60 деца помалку во прва година, рече советникот Јоне Станкоски од ВМРО НП. Мора да се направи некаква стратегија како да се стимулираат младите да раѓаат повеќе деца и да не заминуваат од градов, додаде тој.
Советничката Жаклина Лазаревска од СДСМ подвлече дека секое училиште треба да изготви посебна програма за привлекување ученици кои наредната година своето образованиое ќе го продолжат токму кај нив.
Ангел Јанев, советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ потенцира дека мора да се поводи посериозна сметка за функционирањето на средните училишта во градов бидејќи многу деца се одлучуваат своето образование да го продолжат во приватните школи.
После бурната дискусија околу намалениот број на ученици и предлозите како да се надмине овој проблем едногласно беа изгласани предлог одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ и во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ . Зелено светло доби и предлог одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид. Беа изгласани и предлог Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, со помал односно поголем број на деца од законски утврдениот број и предлог Одлуката за организирање на подрачно училиште во с. Ливоишта во состав на ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец.
{loadposition content9}