Skip to main content

Малолетни лица затекнати после полноќ на забава во објект на улицата „Стив Наумов“

На 03-01-2022 година во 00,20 часот, полициски службеници од СВР Охрид извршија контрола во хала на поранешен деловен објект, лоцирана на улицата „Стив Наумов” во Охрид каде беше организирана новогодишна забава.

 |   | 

Притоа, констатирано е дека организаторот овозможил присуство на шест малолетници подоцна од 24 часот, поради што, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.