Skip to main content

СВР Охрид

Малолетници од Косово непристојно скандирале од тераса во центарот на Охрид

Од страна на полициските службеници изготвен е записник за констатиран прекршок и известен е Судија на претходна постапка по чии насоки ќе бидат преземени понатамошни мерки.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 28.06.2023 во 13.30 часот во СВР Охрид, е пријавено дека на тераса од сместувачки објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со непристојно скандирање и истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон, информираат од СВР.

„Во врска со пријавата, во СВР Охрид се повикани двајца малолетници од Косово, гости во објектот, со кои во присуство на нивниот раководител и со претставник од Центарот за социјални работи од Охрид, е извршен службен разговор. Од страна на полициските службеници изготвен е записник за констатиран прекршок и известен е Судија на претходна постапка по чии насоки ќе бидат преземени понатамошни мерки. „ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.