15-годишник со мопед излетал од патот во Охрид, тешко повредени тој и 17-годишна сопатничка
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

На 24 јули 2026 година, во 00:35 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа, во која 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач и неговата 17-годишна сопатничка, исто така од Охрид. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.







