Skip to main content

Малолетник без положен возачки испит управувал возило во Охрид

Во присуство на родител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 01.03.2026 во 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска” и „Гоце Делчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучија патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.