Skip to main content

Малолетник-рибокрадец со подводна пушка

Mалолетник од Охрид со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка вршел незаконит риболов на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“.

 |  Голабовски Крсте  | 
ribokradec
рибокрадец

харпунMалолетник од Охрид со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка вршел незаконит риболов на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“.

Тој бил затекнат во рибокрадство вчера од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор, информираат од СВР. На малолетникот одземена му била подводната пушка, одело, маска и други предмети за нуркање.
 
Неодамна пак, во акциска патролна контрола во ноќните часови, полициските службеници кај малата плажа- вила ,,Билјана,, пронашле и одзеле една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри со улов од осумнаесет парчиња риба, охридски крап и клен со вкупна тежина од 17 и пол килограми. Во слична акција, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ пронајде и одзеде 20 рибарски мрежи со вкупна должина над 1000 метри, близу 30 килограми парчиња разновидна риба и повеќе примероци на риболовен алат и прибор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против неколку лица поднесени се прекршочни пријави.

{loadposition content9}