Skip to main content

Манасијески: За мене сликарството е спонтана и сериозна работа

Манасијески: За мене сликарството е спонтана и сериозна работа

 |  Валентина Неловска  | 
mansijeski
mansijeski

Пријатно е чувството да се добие награда,  а возбудата и чувствата се неизмерни, вели годинешниот добитник на Св Климентовата награда патронот на градот за 2014 година, академскиот сликар Јордан Манасијески. Со  своето специфично и препознатливо сликарство  Манасијески успешно ја презентира Македонија и Охрид во големите светски центри на уметноста.  Оваа награда многу ми значи затоа што се доделува на еден голем ден за сите нас, напоменува Манасијески.

slika

„ Св. Климентовата награда ја чувствувам во моето срце. Чувствувам дека светецот, нашиот заштитник, е  жив и секогаш е со нас и околу нас. За оваа награда  благодарност кон општината која ми го додели овој ценет дар и чусвствувам дека сите сме заедно со светецот Климент.“, рече Манасијески

Среќен сум што ја претставувам нашата земја и градот  во светот. Преку сликите се трудам да ги споделам нашата добрина, гостопримство , таква е нашата македонска душа, вели Манасијески.  За мене сликарството е спонтана и сериозна работа, додава  Манасијески.

 

slika„ Но јас гледам посебна сериозност  нема тука калкулатувни примеси.Тоа значи да не бидам допадлив, илустративен , да не се наметнам со моите чувства, да не сум премногу влијателен , да не речам ова е најубавото. Сликата треба  да е спонтана со сериозен пристап, но  да не излеземе од рамките  на љубовта,“ вели Манасијески.

Од неговите слики извира позитивна  енергија, а тоа е така затоа што  го сака светот, а посебно децата. Покрај сликарството Мансијески работи и стрипови за деца, за кои вели дека се огледало, нашата иднина. Тие бараат позитивност, а од нас очекуваат да ги отвориме нашите срца, затоа се трудам да бидам позитивен, вели Манасијески.  Сликарот упатува голема благодарност и до неговиот пријател Љупчо Жупан, од галеријата Букефал, за кој ќе рече дека несебично и самопрегорно придонесе неговото творештво да го претстави во светот.   

 

{loadposition content9}