Манчев: Денес за нивото на езерото молчат сите
Димитар Манчев, кандидат за советник од Вмро Дпмне , со реакција на дадените ветувања од пратеничката Лазареска од СДСМ за падот на нивото на езерото. Денес за нивото на езерото молчат сите кои во февруари беа најгласни, истакна Манчев.
СДСМ демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина, рече на денешната прес конференција Димитар Манчев кандидат за советник од Вмро Дпмне. Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики, истaкна Манчев.
„ На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско ниво одговори: -Ние одма би реагирале. И самите ние да дојдеме до езерово ќе видиме до каде и ќе кажиме доста е, како треба да се однесуваме? Никако не смее да се допушти падот под нивото законско на водата, рече Лазареска“, посочува Манчев.
Денес за нивото на езерото молчат сите кои тогаш беа најгласни, рече Манчев.
„ Невладиниот сектор полека но сигурно станува службеници во владата, а пратениците во јавноста повеќе не се појавуваат на еколошки теми, млади и сиромаштија, туку со стотиците илјади денари, кои ги зеле од државата како патни трошоци и трошоци за одвоен живот“, упати обвинување Манчески.
Поради целосната негрижа, неспособноста и неодговорност на СДС граѓаните на Охрид на овие локални избори на 15-ти октомври ќе им пресудат и ќе го казнат нивното расипничко владеење, рече Димитар Манчев, кандидат за советник од Вмро Дпмне и коалицијата, на денешната прес конференција.