Skip to main content

Се подготвува теренот за манифестацијата „Охридска софра“

Финишираат подготовките за манифестацијата „Охридска софра“ со која ќе се затвори туристичката сезона.

 |  Маленкова Татјана  | 
Ohridska sofra
Охридска софра

Наместо Ѓомлезијада, од годинава – „Охридска софра“. Оваа манифестација која е во организација на секторот за Туризам и локален економски развој има за цел да ги обедини промотивните аспекти на традиционалата храна и пијалоци во Охрид. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека нема да се менува ништо од  традиционалната Ѓомлезијада, туку манифестацијата ќе се прошири со тоа што од годинава ќе се подготвуваат и традиционални специјалитети од охридскиот крај  кои заедно со ѓомлезето ќе имаат промотивен карактер.

„Сите подготвувачи на храна и презентери ќе имаат можност заедно на лице место да ги искажат своите skrebatnoкулинарски вештини и при подготовката на овие традиционални специјалитети,а пред побликата ќе можат да ги промовираат се надевема дека сите кои ќе дојдат ќе имаат можност да испробаат охридски традиционлни специјалитети. Концептот што се однесува до ѓомлезијадата воопшто не е изменат. Истиот награден фонд ќе биде од 20 000 денари за  првите три најдобропласирани ѓомлезиња стручното жири ќе ги отценува како и сите други години. Во однос на ѓомлезијадата не менуваме ништо“, истакна раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Апостолов додава дека измените настанале затоа што Охрид и регионот имаат многу  што би можеле да понудат во храната како специфични јадења и дека тоа не е само ѓомлезето. Тој смета дека не треба да се занемарат ни останатите специфични охридски традиционални јадења како питулиците, чомлекот, млечникот, комадот…  традиционални јадења надалеку познати и барани од гостите кои доаѓаат во Охрид.

Gomleze „Промотивниот аспект кој оваа манифестација го има ќе се однесува во однос на поканите кои ги имаме упатено до сите туристичко угостителски работници во нашиот град. Ова ќе биде одлична можност за сите кои што можат да приготват и приготвуваат охридско јадење, да стапат во контакт со угосителските објекти каде се промовира и продава ова јадење и веруваме дека на таков начин заедно со туристичките работници има можност да се направи спој помеѓу сите овие субјекти и понатаму и охридското јадење да се промовирана уште подинамичен и повисок начин“, истакна Апостолов.

Манифестацијата  „Охридска софра“, ќе биде збогатена со настапот на познатата македонска група Љубојна која пред присутните ќе се претстави со својата чалгиска изведба.
„Охридската Софра“, ќе се одржи на 24 август во селото Скребатно . Од Тлер ги повикуваат сите заинтерсирани кои сакаат да бидат дел од манифестацијата да се пријават во секторот за ТЛЕР побрзо, затоа што бројот на учесниците е ограничен.

На Охридската софра само ѓомлезето ќе има натпреварувачки карактер. Апостолов додава дека сите останати специјалитети  кои ќе се подготвуваат ќе  се потрудат да бидат разновидни., со цел да има што повеќе различни охридски специјалитети кои ќе  се промовираат пред присутните.

{loadposition content9}