Skip to main content

12 денови теренско истражување

Мапирање и управување со трската во Охридското езеро

Во периодот од 10.09 – 19.10.2022 година, се снимаа и постпродукциски се обработуваа 8 кратки видеа. Со снимањето опфатени се сите 8 подрачја со трска од с. Подмоље до Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид). Во видеата се вметнати и податоци од едукативно- информативен карактер. Изработените видеа како краен продукт се пласирани на YouTube каналот на РЗЦ Охрид.
 |  инфодеск  | 
Трска Охрид

8 кратки едукативни видеа за трската на територија на Општина Охрид изработи Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид. Со снимањето опфатени се сите 8 подрачја со трска од с. Подмоље до Св. Наум Охридски. Во видеата се вметнати и податоци од едукативно- информативен карактер. Изработените видеа како краен продукт се пласирани на YouTube каналот на РЗЦ Охрид.

Во периодот од 15.09.2022 до 17.10.2022 се спроведоа 12 денови теренско истражување. Во 8 од тие денови се спроведоа комбинирани теренски истражувања, од вода со пловен објект и од копно со теренско возило. Останатите 4 денови се спроведоа копнени теренски истражувања.

Се изврши лоцирање и евиденција на сите појаси на трска долж крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од с. Подмоље до Св. Наум, се водеа дневни забелешки за моменталната состојба на секој од појасите (мерење на површината, дали појасите се проширени или намалени и сл.), се прибираше фото и видео материјал се со цел спроведување на идните предвидени активности и изработка на предвидената документација како финален продукт од овој проект – велат од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид.

Трска Охрид

Активноста е дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро” кој се спроведува во рамки на Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans која е финансирана од Delegation of the European Union, Skopje, а ја спроведува UNDP MK.

Во месеците кои следат планирани се три работилници на кои ќе бидат поканети сите засегнати страни за правилно управување со трската (локалното население, релевантни институции, експерти, млади, спортисти итн.). На нив ќе се дискутира за моменталната ситуација и за мерките кои треба да се преземат за правилно управување со трската, ќе се водат забелешки и ќе се донесат одлуки кои понатаму ќе бидат вметнати во предлог‐ иницијативата – додаваат од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид.

Трска Охрид

Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина- Регионален зелен центар Охрид, го имплементира проектот “Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро” во соработка со Camping SCOUT Struga.

Трска Охрид

Главна цел на проектот е соодветно управување со појасите на трска во басенот на Охридското Езеро, што подразбира нивно мапирање и заштита. Водечки специфични цели се креирана јавна свест за значењето на трската и подигнување на степенот на законска заштита.

Трска Охрид

При спроведувањето на проектот ќе бидат вклучени повеќе засегнати страни, а како диркетни корисници се вбројуваат локалните заедници географски лоцирани покрај трска (3500 жители), корисници на пловни објекти (500), спортисти (едриличари, веслачи, кајакари, рибари, пливачи и сл.). Во однос на едукација и промоција за значењето и потребата од заштита на трската, таргет група е младата популација- ученици од основните училишта во Охрид (850 ученици).

Трска Охрид