Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон
Најголемата спортска манифестација во РМ, Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи по 29ти пат. Подготовките се при крај, а во организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Во годинешната трка ќе учествуваат само 20 маратонци.
Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година во неговата организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Општината Охрид втора година по ред е вклучена во оваа најголема спортска манифестација во нашата Република.
Голема е одговорноста да се биде дел од Маратон кој е препознатлив симбол за Охрид, а пред се да се организира техничкиот дел. Во соработката со ПФМ имаме високи оценки за минатогодишниот маратон што ни преставува мотив повеќе за овој и следните маратони во иднина. Во име на сите охриѓани им посакувам многу среќа на маратонците мирно езеро и нека победи најдобри, изјави секретарот на Општината Охрид, Димитар Спасески.
На овогодинешното издание на маратонот учество ќе земат само 20 маратонци што во однос на минатите години е доста помала бројка. Минатогодишните победници Брајан Рикеман од Белгија и Силвија Рибарова од Чешка не се воопшто пријавени за да го бранат првото место освоено на 28от Охридски пливачки маратон.
Учеството на десеткилометарската трка и пред Олимписката година си го направи своето. Сите пливачи на некој начин се чуваат за учеството на Олимпијадата следната година која сите знаеме е врв на еден спортски пат. Сепак, маратонот воопшто не е ослабен тука се најдобрите четири рангирани пливачи и четирите македонски маратонци и се надевам не незаборавна трк, додаде Јанe Карајованов, одговорниот за техничкиот дел на трката.
И оваа година, македонскиот адут Евгениј Поп-Ацев ќе се бори за првото место на охридскиот маратон. Тој очекува силна и неизвесна трка иако бројот на натпреварувачи е помал во споредба со минатите години.
Изјава Евгениј Поп-Ацев-пливач
Охридскиот маратон е приказна за себе и не случајно е еден од поомилените на неколку врвни маратонци во светот. Тоа доволно кажува колку сериозно се пристапува кон маратонот. Имав некои одредени здраствени проблеми поради збиениот распоред, но до в сабота се ќе биде во ред и со сите сили ќе се борам за првата позиција, рече Поп -Ацев.
Покрај искусните Евгениј Поп-Ацев и Томи Стефаноски, под македонското знаме ќе пливаати Александар Илиевски и Александар Панчевски. Покровител на трката е Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, а наградниот фонд изнесува 10 000 американски долари. Маратонот ќе се плива во сабота на 29 август, стартот е во Свети Наум во 12 часот, а најбрзите пливачи на охридското пристаниште треба да пристигнат околу 17.30. После тоа следува богата културно-уметничка програма.
{loadposition content9}