Маргинализирани проблемите на охридските лица со телесен инвалидитет
Маргинализирани проблемите на охридските лица со телесен инвалидитет.
Сите здруженија на лицата со телесен инвалидитет од Охрид го одбележаа 3 декември. Заедницата се присетува на нас само на овој ден , а ние сме тука и живееме 365 ден во годината, ги потсети надележните институции од името на охридските здруженија со телесен инвалидитет, Венко Голабоски. Повика надлежните институции да имаат разбирање и да ги сфатат проблемите на оваа категорија сограѓани.
„ Инвалидите не живета само едне ден и се дел од ова општество.Да не се маргинализираат ид аим се скратуваат нивните права ипотреби. Не сите инвалиди се со ист степен и вид на инвалидност. Имаме и со над просечна интилигенција , спорстки и уметнички квалитети. Тие луѓе не треба да се маргинализираат “, потсети Голабоски.
За нивните проблеми и потреби институциите немаат слух. Иако сме свесни дека проблемите не може веднаш да се надминат сепак ние бараме разбирање да почне нешто да се решава, подвлекува Голабоски. Додава дека со години бараат повеќе приодни рампи на улиците и плажите, звучни семафори, вработувања.
„ Во програма 6 години влечеме проект за адаптирање на една плажа за лицата со телесен инвалидитет. Имаме стандарди и проекти како треба да изгледа таа плажа за да ја користат и овие лица“, укажува Голабоски.
Голабоски потсетува и на Акциониот план доставен до Локалната самоуправа пред 3 години кој остана само идеја на хартија. Телесните инвалиди бараат негово актуелизирање и ревидирање од страна на актуелната градска власт.
{loadposition content9}