Skip to main content

Ќе добие ли конечно Охрид градска марина

Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека парите  за марината се обезбедени и дека се работи на идејното решение после што ќе се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина.

 |  Јаковлева Лионела  | 
брод
brod

Долго најавуваната изградба на градска марина по се изгледа кинечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески ги разреши сите дилеми околу тоа дали има или нема пари за нејзина изградба.


За марината или за реконструкција на пристаништето што сакаме да го изведеме заедно со Министерството за транспорт и врски од буџетот на министерството се издвоени еден милион евра, рече Бакрачески.nikola bakraceski

Моментално се работи на изработка на идејното решение после што ќе се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина. Бакрачески вели дека подготвителните работи се во завршна фаза. Марината ќе биде лоцирана на просторот помеѓу двете градски пристаништа. На прашањето зошто марината не се гради на вливот на реката Грашница што беше најавено во предизборната програма на сегашниот градоначалник., Бакрачески со одговор.

Ние го слушаме гласот на експертите пред се на стручњаците од охридската капетанија која направи стручни анализи кои покажаа дека сегашната локација е најсоодветна за марина, рече Бакрачески.

Градоначалникот додаде дека ќе се гради една марина на градското пристаниште, а не дека на крајбрежјето ќе има уште дваесет помали како што се шпекулираше во јавноста.

{loadposition content9}