Марјан Кикески од Пештани до светските билборди
Од Пештани до светските билборди. Тоа е Марјан Кикески од охридско Пештани, кој веќе 10 години живее и работи во Унгарија. Денес е главен модел во рекламите на најпознатите европски брендови. Го има на билборди на најфрекфрентните места низ европските метрополи и на ТВ екраните во најдобрите реклами.
Снима реклами во Унгарија, Словачка, Австрија, Германија, Италија…Главен лик за најпознатото словачко пиво, најголемиот телекомуникациски оператор, за Фолксваген, за најдоброто кафе, за унгарската државна лотарија. Марјан е познат лик во Унгарија, но и гордост на Охрид и родното Пештани.
„ Се започна така случајно пред околу 8 години во Будимпешта видов дека имаше кастинг за снимање на реклама за најпопуларното словачко пиво Златибажен и си реков зошто да не да пробам секако тоа мене ми беше сон еден ден да станам да бидам пред камера да бидам дел од реклами, филмови итн. Пробав и на моја голема среќа од сите тие голем број кандидати зиборот падна на мене. Тоа беше еден поттик за мене дека не смеам да застанам тука и да одам понатаму. После Златибажен после големиот супех на рекламата добив втора покана за истото пиво новогодишна реклама и се емитуваше неколку години со ред на ТВ во Словачка за Божичните празници. Таа реклама стана бренд еден вид класика”, ,вели Марјан Кикески модел.
Марјан се најде и во улога на актер, имал улоги во повеќе филмови рамо до рамо со светски актери.
„Бев дел од неколку унгарски и светски филмови. Како што се Poor Things,Gran Turismo, The Last Kingdom-Seven Kings Must Die, Maria Callas, Day of the Jackal..многу унгарски филмови, ја имав таа среќа да бидам на снимања со Orlando Bloom, оскаровците Emma Stone i Eddie Redmayne,Ray Stevenson, Mark Ruffalo е чест задоволство и привилегија но и сиксуство кое нема цена. Имам и нови филмови веќе добивам и поголеми улоги веќе е снимено треба наскоро да излезе” ….. , додава Кикески.
Неговите планови се да остане во светот на маркетингот и актерството, иднината да ја гради во европските земји.
Соња Рилковска