Марко Пејчиноски плива до Свети Наум
Марко Пејчиноски утрово тргна во нов подвиг. Негова цел е да ја преплива делницата од Градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум, кој е лоциран на другиот крај од источното крајбрежје.
Марко Пејчиноски утрово тргна во нов подвиг. Негова цел е да ја преплива делницата од Градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум, кој е лоциран на другиот крај од источното крајбрежје.
Младиот херој Марко одлучи да плива во чест на големиот светец, Свети Наум.
– Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Свети Наум Охридски, за здравје на сите нас, објави тимот што го прати подвигот на Марко.
Инаку, Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум-Охрид. Подвигот го направи во 2018 година кога имаше само 12 години.