Skip to main content

Марш за поддршка на Македонските безбедносни сили и во Охрид

Целта на маршот беше да и се искаже поддршка на македонската полиција и да им се оддаде почит на загинатите во полициската акција во Куманово во која загинаа осум припадници на специјалните единици, а 37 беа повредени.

 |  Голабовски Крсте  | 
protest

собирЦелта на маршот беше да и се искаже поддршка на македонската полиција и да им се оддаде почит на загинатите во полициската акција во Куманово во која загинаа осум припадници на специјалните единици, а 37 беа повредени.
Граѓаните собрани на плоштадот Св. Климент Охридски рекоа дека сакаат да покажат единство во овие тешки моменти за нашата држава и да дадат поддршка на сите македонски бранители кои несебично и достоинствено се секогаш први на браникот на слободата.

На собирот покрај граѓани, носители на јавни функции и преставници од локалната самоуправа беше присутен и Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тие од градскиот плоштад се упатија кон крстосницата помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“. На сообраќаецот кој го регулираше сообраќајот на крстосницата  му беше предадено знаме на Република Македонија, со што симболично беше изразена поддршката за полицијата. Вакви собири  истовремено се одржуваа во неколку скопски населби и 20-тина градови низ Македонија.