Skip to main content

Државен завод за статистика

Во март во Охрид издадени шест одобренија за градење на нови 105 станови

Во Струга издадени се девет одобренија за градба, од кои седум на инвеститор правен субјект , а две одобренија на физички лица.
 |  инфодеск  | 
градежни работи

Во март годинава во Општина Охрид издадени се шест одобренија за градење, според најновите податоци од Државниот завод за статистика. Пет одобренија се за објекти на кои инвеститор е деловен субјект, а само едно е издадено на физичко лице. Предвидена е градба на 105 станови со вкупна површина од 5 934 м2 од кои најголем број двособни.

Во Струга издадени се девет одобренија за градба, од кои седум на инвеститор правен субјект , а две одобренија на физички лица.

Во Општина Дебрца издадени се две одобренија на деловен субјект како инвеститор.

Во март 2026 година на ниво на државата се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 148 (60.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12.7 %) за објекти од нискоградба и 66 (26.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 245 објекти, на 136 (55.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (44.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од 53 718 м2.