Три средни училишта во Општина Охрид деновиве добија машини за одржување на хигиена.
Го подигнуваме нивото на хигиена во средните училишта во градот. За таа цел набавивме машини за одржување на хигиената за трите средни училишта – напиша градоначалникот Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.
Вредноста за набавката изнесува 500 000 денари.