Skip to main content

Машинско пресејување и потхрана на спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ активно работи на одржување и подобрување на квалитетот на своите спортски терени.
 |  инфодеск  | 

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ активно работи на одржување и подобрување на квалитетот на своите спортски терени. Во рамките на редовното одржување, спроведено е машинско пресејување со спортски видови на тревни смеси, со цел да се обезбеди густа, издржлива и квалитетна тревна површина погодна за интензивна употреба.

Дополнително, терените се потхранети со гранулирано ѓубриво, кое обезбедува неопходни хранливи материи за оптимален раст и развој на тревата. Со овие мерки се продолжува грижата за спортските терени, обезбедувајќи подобри услови за спортските екипи и рекреативците.

Остануваме посветено на одржувањето на високите стандарди на своите терени и унапредување на спортската инфраструктура во Охрид, велат од ЈП „Билјанини Извори“.