Маслов: Вложуваме натчовечки напори за справување со големите количини отпад
Околу 600 тони отпад дневно собира ЈП Охридски комуналец на територија на општината во шпицот на сезоната. Притисокот е огромен врз комуналните работницио кои од зори се на локациите каде има најмногу ѓубре. Се чисти центарот на градот и плажите по целото крајбрежје , се подигнува отпадот од приградските населби со цел граѓаните и туристите наутро да не ја видат сликата со која секое утро се соочуваат комуналците и Охрид да го претставиме во убаво светло, вели Стевчо Маслов.
„ Вложуваме максимални напори, натчовечки напори за да се справиме во рамки на нашите можности со големите количини на отпад. Секое утро активностите ги започнуваме уште во 5 часот на местата каде што се сендвичарите , околу концертите , кафе баровите каде има големи количини на отпад. Сега имаме поголем проблем во овој период, во шпицот на сезоната , но има и граѓани кои се дојдени вистински да уживаат во Охрид и да не ја гледаат онаа грда слика со која сме соочени секое утро ние како комунални работници.“ – вели Маслов од ЈП „Охридски комуналец“.
На почетокот на секоја сезона претпријатието прави оперативен план и се екипира за справување со она што може да се нарече вонредна состојба за време на летото во поглед на комуналната хигиена во најголемиот туристички центар. Располагаме со доволен број на извршители кои постојано се на терен 24/7 како и механизација неопходна за да се справиме со поголемите количини на отпад во овој период од годината, вели маслов но потенцира и дека е потребна поголема совесност и соработка од страна на граѓаните.
„Би апелирал до граѓаните на поголема соработка значи од нивна страна. Значи депонирање на отпадот во соодветните садови, во точно определено вереме за изнесување на комуналниот отпад и почитување на целиот комунален ред . Има една изрека која ја користиме постојано, комуналното претпријатие не може да исчисти онолку колку граѓаните што можат да сосздадат и да расфрлат отпад . Од таа причина бараме поголема соработка како Охрид би го претставиле во подобро светло .“ – вели Маслов.
Во доцните вечерни часови се спроведува и машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, што на одредени места е надополнето со рачно миење“, велат од „Охридски комуналец“.