Математика по кембриџ ќе се учи и во 4, 5, и 6то одделение
Наставниците се обучуваат како материјата да ја предаваат по оваа програма. Велат дека ќе има многу новини а и дека се потребни многу нагледни средства со кои треба да се решаваат задачите, а кои училиштата ги немаат. Допрва треба да се создаваат услови за ваква настава, а учебнаѕта година е на прагот.
Наставниците по математика од Охрид и Дебрца се обучуваат како да предаваат по кембриџ. Од новата учебна година оваа програма се воведува и во 4, 5 и 6то одделение. Ова е новина и за наставниците и за учениците затоа што ќе има многу промени во самиот начин на предавање и совладување на материјалот. Учениците ќе треба преку опити да решаваат задачи а не како што беше досега со користење алгоритми. Обуките кои ги спроведува Бирото за развој на образованието траат два дена.
Се надевав дека оваа обука ќе биде во јуни за сега во август да ги допрецизираме работите бидејќи два дена е премалку за да се обучат наставниците. Сега само се запознавме со програмата и нејзините цели, вели Борис Лушески, обучувач и претседател на здружението на математичари од Охрид.
Лушески кажува дека и досега програмата по математика била солидна и учениците постигнувале забележителни резултатаи. Единствено што недостасувало бил практичниот дел што со кембриџ програмата би требало да се подобри. Но за тоа се потребни многу нагледни средства што училиштата допрва треба да ги набавуваат.
Најголем проблем ќе е обезбедувањето на средствата со кои треба да работиме, а во некои училишта и просторните услови се проблем бидејќи во многу школи нема кабинетска настава па нема каде да се сместата помагалата и да се организираат групите за предавања бидејќи наставата ќе се одвива групно, објаснува Лушески.
Ваквите обуки се одржуваат во сите градови во Македонија а ќе траат и наредната недела бидејќи се формирани повеќе групи.
Инаку програмата кембриџ во образовниот систем во Македонија за прв пат се воведе од минатата учебна година и тоа само во 1,2 и 3то одделение. Искуствата на наставниците кои ја спроведуваа истата кажуваат дека било потребно доста време додека се опремиле со нагледни средства и дека тоа доста чини,а нема можност како да се покријат трошоците преку буџетот мна Министерството за образование бидејќи не се издвоени средства за таа намена, туку училиштата и наставниците требало сами да се снаоѓаат.
{loadposition content9}