Матичните лекари во земјава се соочуваат со низа проблеми
Матичните лекари во земјава се соочуваат со низа проблеми. Покрај ниската заработувачка, се исправени и пред бројни административни пречки како што е користењето на подолги боледувања. Тие укажуваат на одливот на млади лекари во странство и на можноста во Македонија да нема кој да ги лекува пациентите во примарното здравство.
Матичните лекари во земјава се соочуваат со бројни реални проблеми во последните 10тина години. Покрај ниската заработувачка тие имаат и други административни пречки во работењето. Матичните лекари како и останатите луѓе се соочуваат со здравствени проблеми или повреди кога мора да користат боледување, напоменува д-р Љупчо Костески, специјалист нефролог и претседател на Здружението на приватни лекари од Охрид. Минатата година успеавме да издејствуваме право на 6 месечно боледување од макималното дозволеното 21 ден, напоменува Костески, но додава дека тоа не доволно.
„ Решение е , прво со нов анекс да се продлжи времето на боледување. Второ условите ставени во анексот во Фондот за здравство да се променат. Средствата што се уплатуваат, оние минималните од 70 посто, да се платат во цел износ. Секое боледување на подолг период е реално, поминало низ сите законски процедури. Не постои боледување над 15 дена , а да не е законски поткрепено“, вели д-р Костески за овој проблем на матичните лекари .
Платите на матичните лекари се пониски од колегите лекари во јавното здравство. Трошоците за работа на матичните лекари се многу големи , палтите мали, а тоа не е примамливо за младите лекари да останат во земјава и да ги заменат лекарите кои треба да заминат во пензија, вели Костески.
„ Трошоците на приватните здравствени субјекти прдвидени се со реални цени, со пониски плати во државното здравствено се со 130.000 денари реални трошоци по лекарски тим. Просечен приход во РМ по податоците на Фондот за здравство по лекаркси тим е некаде оклу 95-96.000 денари .Во секој има диспропорција на прилив на средствата и зголемувањето на трошоци по разни основи“, укажува Костески.
Здружението на приватни лекари и Лекарската комора на РМ имаат интерес и можност да помогнат во решавање на проблемите и д апреговората со здравствените институции.
Во моментов постојат 400 ординации со околу 1500 матични доктори . 850 до 900 од нив се на возраст од 50 до 60 години. Многу од нив исполнуваат услови за заминување во пензија, а доколку не се создадат подобри услови за младите доктори постои можноста во Македонија да нема кој да ги лекува пациентите во примарното здравство. Младите лекари во потрага по подобри услови заминуваат во странство.